Sunday, August 1, 2010

2 Август - Вистински ден за еден македонски почеток .


И кога ќе прашаат кој е вашиот ден Македонци мои мили - одговорете тоа е Илинден 2 Август . Денот кога Македонците и во 338 год п. н .е и во 1903 и во 1944 година на истито датум на тој наш свет 2 Август имаат извојувано три најголеми победи.

Македонци каде и да сте нека ви е за многу години нашиот најголем македонски празник Илинден . Вечна им слава на сите наши борци илинденци. И на оние првите од 338 год п. н. е на битката кај Херонеја кои ја донесоа првата македонската победа над Атињаните во која учествуваа за прв пат заедно Филип 2 Македонски и Алексанадар 3 Македонски, како да знаеа дека таа борба тогаш ќе биде толку споменувана во денешно време па затоа 70 % од атињаните беа мртви а 30 % заробени (робови), Нашата војска , нашата фаланга ги прегази нашите ден денешни непријателите.

Втори беа борците кај Крушево 190з кога беше поставена првата република на балканот и тоа Македонската Република, таму околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател... Слободната Република траела десет дена.

Третата битка е 41 година подоцна на заседанието на АСНОМ каде што во манастирот Св. Прохор Пчински кај Куманово се потврди општествено- правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто.
Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.

И како што Димо Хаџи Димов го предвиде третиот Илинден 20 годни пред тој да биде возможен . Така и јас АнајлиБ предвидувам дека ќе има уште многу МАКЕДОНСКИ ИЛИНДЕНИ. А четвртиот ... веќе се ближи. Време е за нови македонски победи.

No comments:

Post a Comment